Најнаградуваната книга за деца и големи „деца“ на Бардур Оскарсон „Дрвото“ ги има освоено: наградата за литература за деца и млади од Нордискиот совет во 2018 г., наградата за литература за деца и млади од Западниот нордиски совет за 2018 г., а беше наведена и на Меѓународната селекција на Белите гаврани во 2018 година, наградата за книги од МГИП (Мотовун - група интернационални издавачи) во 2017 г. и Сребрената награда од ИЦМА (Меѓународна награда за креативни книги) во 2017 г. Хилберт и Боб се другари. Но еден ден, Хилберт му кажува нешто толку неверојатно на Боб, што тој не е сигурен дали во нешто такво може да поверува... „Дрвото е книга за стравот од непознатото, за немирот во наводната едноличност на секојдневието, за нашите внатрешни битки и за нијансите на пријателството.“ – Јулијана Величковска
| Карактеристика | Вредност |
|---|---|
| Kатегорија | Детска литература |
| Автор | Бардур Оскарсон |
| Издавач | ПНВ Публикации |
| Повез | Мек повез |
| Година на објавување | 2020 |
| Број на страници | 36 |