Црна мајка земја е моќна и, на моменти, мачна приказна за младиот и успешен писател Матија, кој се обидува да ја надмине креативната, но и љубовната блокада, процес што ќе го одведе до болните и потиснати трауми од детството. Животот исполнет со лаги и со лажни сеќавања наеднаш доживува пресврт, па Матија ќе мора да се соочи со духовите од минатото. Книгата е добитник на наградата "Роман на годината" во Хрватска што ја доделува "Т-портал".
| Карактеристика | Вредност |
|---|---|
| Kатегорија | Современа книжевност |
| Автор | Кристијан Новак |
| Издавач | ПНВ Публикации |
| Јазик | Македонски |
| Повез | Мек повез |
| Година на објавување | 2021 |
| Број на страници | 310 |