Романот проспективно нѐ води во иднината на главниот лик, а ретроспективно нѐ враќа во минатото на нејзините родители, низ сите турбулентни преживелици во кои низ чудесни споеви се испреврзува националното и религиозното, традиционалното и модерното, токму низ приказните што од точка на невоможна мисија се развиваат во разни правци, доловувајќи ја актуелната ситуација во местото на започнување на приказната (Кабул), враќајќи нѐ во времето кога не така мал број странски студенти, пред сѐ, од арапските земји, студираа во Македонија, низ безброј описи и наративи од студентските случувања во тоа време низ студентските домови и мензи, факултети и други примамливи сврталишта, но и следејќи ги актуелните приказни по мигрантската рута...
| Карактеристика | Вредност |
|---|---|
| Kатегорија | Македонска книжевност |
| Автор | Лилјана Пандева |
| Издавач | ПНВ Публикации |
| Јазик | Македонски |
| Повез | Мек повез |
| Година на објавување | 2025 |
| Број на страници | 202 |