Издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје, постои веќе 15 години и за тоа време се изгради како најпрепознатливата и водечката издавачка куќа во земјата, првенствено ориентирана кон поезија и зад себе има повеќе од триста изданија висококвалитетна поезија, проза, но и класици, книги за деца и референтна литература од современи македонски автори, како и од автори од Ирска, Норвешка, Исланд, Фарски Острови, Латвија, Англија, Велс, Естонија, Шпанија, Франција, Хрватска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Малта, Италија и др.
Мисијата на ПНВ Публикации е да го поттикне развојот на современата македонска литература и да обезбеди простор за изразување на нови и веќе афирмирани автори, создавајќи платформа за нивната креативност.
Со особен фокус на поддршка на домашните автори, а особено на младите автори, нашата визија е да продолжиме сериозно да ја збогатуваме и раздвижуваме македонската книжевна сцена, поттикнувајќи иновативни книжевни проекти што ја збогатуваат културата и инспирираат нови генерации читатели.