SKU : 098237
По големиот успех на “Два Божика”, што доживеа три изданија, од кои првото се распродаде за рекордни 6 дена, во „Божик под Беласица“, низ две наративни оски, од Банско, Струмица, преку Шкотска, до Њујорк и од Њујорк, преку Истанбул, до Банско, Струмица, во два различни историски периода, Пандева ве внесува во магијата на божикните празници. Во денешнината, од 25 декември до 7 јануари, животот на Катарина Вотерман се менува за 360 степени, во потрага по корените и неочекуваното наследство од прапрадедо ѝ, Џорџ Вотерман, таа пронаоѓа богата природа, лековити води, топол дом и секако, љубов! Повеќе од сто години пред неа, Ѓеорѓе Водарот, го изодува обратниот пат, од сиромашниот, осамен живот под падините на Беласица кон градот на соништата и можностите – Њујорк. И сето тоа зачинето со љубов, хуманост и со малку магија од божикната паричка.
„Се почувствував како во еден од филмовите на ‘Халмарк‘ во кои една девојка, најчесто од Њујорк, од најразлични причини ги поминува божикните празници во некое мало идилично место што живее само за празниците“ – роман за сите што некогаш посакале да се почувствуваат вака и за оние што ја заборавиле моќта на Божик.
| Карактеристика | Вредност |
|---|---|
| Kатегорија | Романси |
| Автор | Лилјана Пандева |
| Издавач | ПНВ Публикации |
| Јазик | Македонски |
| Повез | Мек повез |