„Ведра“ е приказна што си игра со архетипите, влегува длабоко и таму буричка, менува, поправа, разместува, отклучува. Го има оддалечувањето од домот, ги има опозициите добро – зло, светло – темно, блиску – далеку, но има и изненадувања, што самите ќе ги откриете кога ќе ја прочитате. „Ведра“ ги има главните карактеристики на литературата за деца: директно му се обраќа на детето, ненаметливо го подучува, нежно влегува во неговиот несвесен свет и таму менува колективни знаења што не се нужно точни; покрај тоа, духовита е, и приказната и илустрациите. Децата ќе ја обожаваат. И, како и секоја добра приказна за деца, ова не е само приказна за деца, туку е приказна за секого. „Ведра“ е како микро и макро патување низ сите сплетени приказни од народното творештво со најбрз кабриолет и со најфраерски очила за сонце! Ова е сликовница омаж на пријателството, слатководна, брзоречита, лесночитлива во изразот.
| Карактеристика | Вредност |
|---|---|
| Kатегорија | Детска литература |
| Автор | Јулијана Величковска |
| Издавач | ПНВ Публикации |
| Повез | Мек повез |
| Година на објавување | 2022 |
| Број на страници | 32 |